На пазарот го ставија во јануари за 7,5 милиони долари и сега мораа да го снижат за еден милион.
Првата цена секако беше амбициозна со оглед на другите цени за зградата и состојбата во која се наоѓа станот - иако не е лошо, со вградени полици за книги и совршени подови со шестоаголни плочки - на луѓето не им се даваат додатни пет милиони за стан со застарена кујна, бидејќи за толкава сума очекуваат нешто ганц-ново.
Некои агенти за недвижнини велат дека станови што бараат реновирање се многу потешки за продавање од порано, поради цените и времето што треба да се вложи. Плус, и Њујорк има проблем со мајстори затоа што им бегаат во Тексас и Флорида.
Темелни и скапи реновирања чинат и до околу 10000 долари по метар квадратен, што значи дека „да влезеш со багер“ и од корен да го реновираш станот на Дидион ќе те чини 3 милиони долари. А нема ни поглед, се гледа во ѕидови и покриви.
И претходната продажба не одела лесно. Прво, Дидион и нејзиниот сопруг Џон Грегори Дан одбиле воопшто да го гледаат станот затоа што сметале дека е прескап. Но, кога се срушил Вол Стрит, четири пати му се намалувала цената и на крај го купиле во 1988. Ги освоила заштитената црква во комшии, и имале сигурност дека таму нема да се гради ново и барем погледот нема да им се влоши.