Необјавени цртежи на Лагерфелд одат на аукција

Лагерфелд ги фрлал сите готови цртежи и познат бил по тоа. Сега, некои од ретките останати што не успеал да ги фрли ќе се продаваат на аукција.

Има 125 цртежи, кои досега имале приватен сопственик уште од 1960-ти. Некои од нив, нацртани додека Лагерфелд работел како дизајнер во Тицијани во Рим - биле направени за познати фаци како Елизабет Тејлор, Дорис Дјук и Џина Лолобриџида.

„Овие цртежи се дело на еден од најбрилијантните модни умови на последниов половина век,” вели Рико Бака, ко-сопственик на компанијата која ќе ја води аукцијата. „Многу се ретки и можеби не би преживеале да останеле кај него.” Како претходниот сопственик ги добил не е познато.

Може на пример, ги извадил од ѓубре.

Во 2007-ма, Лагерфелд зборуваше и за неговата одбивност кон чување ствари. „Сè фрлам,” изјави тогаш за Њујоркер. „Најважното парче мебел во куќата е кантата за ѓубре! Не чувам мои архиви, нема цртежи, нема слики, облека, ништо!”

Според аукциската куќа, неговите два дизајни за Елизабет Тејлор се очекува да се продадат за околу 3000 долари, а другите колекции со датуми од ’63-та до ’69-та можат да бидат од 2000 до 4000 долари.

Лагерфелд почина на 19-ти февруари, а го наследи Виржини Виар во Шанел. „Толку многу публицитет доби продажбата од 2014-та, што, откако Карл Лагерфелд почина, телефонот не престана да ни ѕвони - колекционери, музеи и луѓе во модната индустрија упорно прашуваа дали имаме уште цртежи за продавање,” вели Бака.

15 април 2019 - 01:09