„Не се сите мажи такви“, ама не знаеме кои од нив не се

Компилација од женски искуства што се станати секојдневие и жените веќе ги разменуваат како обични приказни од работа и дома. Просто е страшно што ова толку често се случува, што станува норма да се советуваат жените меѓу себе на што да внимаваат и како да се заштитат - не од диви ѕверови, не од воени времиња, туку од други (машки) луѓе.

Знаеме дека не се сите мажи исти и не се сите такви, ама не знаеме баш кои не се такви. Како да се опуштиш кога некој ти се обраќа со „штета што си паметна“ кога сака да те излаже дека не ти е дојден превозот, или кога има типови што се служат со митолошкото „дрога во пијачката“ во сред бел ден, или на некој ќе му текне да го слика ланчето на кучето каде што ја има твојата адреса?!

12 септември 2023 - 00:00