Не, не е стара француска глумица, Кристен Стјуарт е

Најновата улога и е Џин Сиберг, американската актерка чиј живот го уништува ФБИ откако ќе се открие дека финансирала контра-владини политички групи.

Сиберг станува икона на француската њу вејв кинематографија заради улогата во Breathless, на Жан Лук Годар од 1960-та. Се појавува во уште 30 други филмови, а откако се ујдисува со групи што ФБИ ги смета за „субверзивни” во ’60-тите, ја таргетираат со нивниот COINTELPRO - програм кој будно внимавал на феминистички организации, демонстранти против војната во Виетнам и движењето Блек Пауер. Се самоубива на 40-годишна возраст, а нејзиниот сопруг Роман Гари јавно ги обвинува ФБИ.

Стјуарт по се изгледа процвета откако се откачи од „Самрак”. Во Франција ја обожаваат и е прва американска актерка со Сезар награда, за улогата во Clouds of Sils Maria.

На трејлерот се гледа како совршено го доловува бесот на Сиберг заради неправдите во светот, заедно со убавината и привилегиите.

26 ноември 2019 - 00:00