Не е фер станов

Во Фиренца. Со поглед. Стварно нема смисла.

Внатре живее Марија Соле Чеки, основач на les petits joueurs, еден крајно пријатен интернет ќош каде што се одмараат очи со ташни.

И гледајте какво е:

Станот инаку се наоѓа во центарот на Фиренца, а Чеки живее таму со брат ѝ кој ѝ е истовремено и бизнис партнер. Во нејзиниот дом, највеќе ѝ се допаѓа што е полн со значајни детали, м'кнети од патишта, секој со своја приказна и мисли дека баш со такви работи треба да се полни една дома.

Може деталите раскажуваат приказна, ама па колку само приказни раскажува маалото? Фиренца! Што народ има поминато таму!

Мислам, има ли смисла!

Дали е фер!

За размислувањето при уредување:

„Ме инспирираше ентериерот на бутикот на лес, кој е микс на два различни концепти кои го рефлектираат мојот карактер и креативна насока. Кога уредував, тие мотиви ми беа централни, па раборев со нив и околу нив. Еден ѕид ми е жолт, и ставив на пример, црно-бел тепих. И немаше да успеам без поддршката на мајка ми - таа е мајстор за уредување!”

И мајка ми. Со тоа што имаме различни вкусови и очи ќе си извадиме.

Еве ја уште еднаш дневната:

Баш ме занима колку е стан во Фиренца. Бидете така, да проверам, еве слика од кујната, што пак не е фер колку е јака:

Не е битно колку е стан во Фиренца.

Океј, 2 милиони евра за 300 квадрати, на пример.

Значи, може да се собере да речеме, за ходников:

Или да живееме во купатило. Или во ова што изгледа е плакар, и ве молам, што е проблем да се живее во ваков плакар?

Добро, веројатно е спална. Со шармантни детали како тоа фиокарот погоре, еве го пак:

И фотелјава, за читање, да речеме:

И креветов:

И уште еднаш, омилената слика, што сака да каже дека тука е фино да се живее, ако го имаш ова кога ќе отвориш врата од балкон, па ти што сакаш украсувај внатре:

6 декември 2018 - 13:27