Во случај да ви текна да се прашате дали Мекгилис ќе се појави, макар и со камео во Топ Ган: Маверик, да си знаете дека нема.
Во првиот дел беше астрофизичарка и Топ Ган инструкторка, па со оглед на тоа што Маверик уште е нешто важен таму, би се очекувало и Чарли Блеквуд да се движи во истите кругови.
Но, еве ја денес Кели Мекгилис:
Тоа ако сме фер.
Ако не сме:
Што значи дека нема.
Во интервју за Entertainment Tonight, раскажува дека воопшто не ја ни викнале да учествува и прилично е сигурна во причините за тоа.
„Стара сум, дебела сум и личам за годините, а таму тие работи не одат така,” искрено кажува Мекгилис, и стварно, замислете свет каде што Холивуд дозволува „женската” да изгледа така. Паралелен универзум.
„Многу повеќе би сакала да се чувствувам удобно во сопствената кожа, и во однос на тоа која сум на оваа возраст, наместо да продавам некои други вредности.”
Нема баш ни намера да го гледа филмот. „Не дека се стрчав во кино, ама не ни одбивам децидно. Едноставно не ми е на список.”
Еве го трејлерот за првиот дел, да се потсетите на цел тој лејм дијалог и сите томкрузовштини на кои е склон Том Круз:
Еве го трејлерот за делот каде што нема стари и дебели, и што Мекгилис не го ни гледала (Том Круз остарен, ама за машки не важат истите правила, плус помалку се треска од земја):