Мрачните и понекогаш смешни вистини за средовечноста

„Средното доба“ ти се прикрадува и љубезно и подмукло во исто време - и го гледаш дека иде, а сепак се чувствуваш нападнато кога ќе пристигне.

Еден ден пиеш неброени пијачки во дупка што сака да се нарече кафич, другиот веќе голташ суплементи на база на магнезиум и размислуваш за мекоста на тоалетната хартија како да е најважна работа на светот. Средовечноста не е само вежбање, швалерки и купување кабриолети, туку е суптилен, егзистенцијален хаос со болки во грб како додаток.

Добрата вест е што, ако можеш да се насмееш на темата, веќе победуваш.

Затоа што,

1. Сега се будиш повреден, наместо освежен
Ако порано спиењето беше одмор, сега магично кога ќе станеш те боли врат, грб и од необјасниви причини - колено. Не се ни сменил душекот, туку ти. Биоритамот се менува со возраста и ова влијае на квалитетот на сонот.

2. Гуглаш симптоми наместо места за одмор
Главоболката порано беше само главоболка. Сега може е тумор на мозок, ретка автоимуна болест или стрес, или сите три одеднаш. Знаеш дека не треба да се паничи, ама оди запри се.

3. Војуваш со метаболизмот
Кога ќе дојдеш на средна возраст, метаболизмот забавува и истите оброци што порано не ти правеле проблем, сега прават заговор против твојот струк. Во меѓувреме, телото што едно време сè можеше да ти прости, сега бара внимавање на протеини, влакна и нешто што се вика „намерно движење“. Не е толку до здебелувањето, туку колку е лесно да се здебелиш, и колку е невозможно да ослабеш. Фрустрирачката вистина е дека ефикасноста на телото успорува и сега заглавуваш во преговори за оброци како да преговараш за заложници.

4. Повеќе сакаш да седнеш, отколку да бидеш во диско
„Ако нема за седење не одам.“ Не може ни шанк-столчиња. И ова под претпоставка дека воопшто ти се излегува.

5. „Не можам да пијам како порано“
Мамурлакот доаѓа со егзистенцијална криза, три дена за опоравување и магла во глава што те тера да си ја доведеш и работата во прашање. Една чаша вино - може. Втората веќе те тера да трескаш глупости и да се почастиш козметика од 300 евра. Причината е што џигерот не се снаоѓа така добро како порано. Можеш да пиеш, ама бара планирање и одговорност.

6. Не си више ни „јак“ ни „откачен“, или како веќе ќе ти кажат децата. Not cool.
Не знаеш што се носи. Не знаеш дали нешто е зумерска иронија или тренд. Не ти е ни гајле. Не ни следиш, само гледаш што ти е удобно.

7. Сите што ги познаваш, или се разведуваат, или одат по психолози
Средовечноста е пресвртен момент. Бракови се распаѓаат, пријателства избледуваат и одеднаш групните пораки се полни со финти научени на терапија, или препораки за адвокати за развод. Повеќе пати имаш прочитано „не можам веќе“ отколку честитки за роденден. Ама па, ослободува - паѓаат маски, луѓето стануваат реални и почнуваш да бараш длабочина, не драма.

8. Повеќе се радуваш на спиење отколку на секс
Новиот љубовен јазик ти е добар сон. Ништо не те „пали“ како темни завеси и осум часа непрекинат сон. Спремен си да откажеш планови, да го штитиш како свет ритуал, а интимата да - супер е, ама добриот сон те лечи.

9. Губиш трпение за „игри“
Веќе нема преправање дека ти се допаѓаат луѓе што не ти се допаѓаат. Престануваш да тинтраш лажни пријателства, да си ги објаснуваш границите, да толерираш пасивна агресија на средби и состаноци. Енергијата сега ти е скапоцен ресурс. Не престануваш само да комуницираш - исчезнуваш со достоинство. Толеранцијата се заменува со јасност и искрено - одлично е тоа.

10. Телото ти прави чудни звуци сега
Крцкаш, се кршиш, испушташ звуци кога стануваш од столче. Колената зборуваат на свој јазик. Има нов звук што ти излегува од колкот и просто си живееш со тоа. Не те ни загрижува, само нека не бара специјалист.

11. Одеднаш си опседнат со здравјето на цревата
Едно време си се потсмевал на пробиотици, сега пиеш три и избегнуваш глутен како да е токсичен бивши партнер. Не јадеш - оптимизираш. Наместо благо, количката во маркет ти е полна со работи како комбуха, кефир и ферментирани ротквици.

12. Околу тебе сите се или трудни, или во перименопауза
Чуден период е - една другарка замрзнува јајце-клетки, друга ги следи жештините на апликација. Купуваш и подароци за повојница и суплементи во иста нарачка. Хормоните се новата валута.

13. Почнуваш романтично да гледаш на 20-те
Гледаш стари фотографии и си мислиш „колку сум немал/а поим“. Телото било позгодно, но главата позбунета, поанксиозна и понеспособна за бирање партнери. Те фаќа носталгија, но истовремено мудроста вика - немој да се враќаш назад. Ти фали метаболизмот, но не и кризата на идентитет. Сега си постар/а, но и повеќе личиш на себе.

14. Мултивитамини земаш како да се модерна дрога
Не се клукаш со апчиња - ти си куратор на суплементи. Ашваганда за стрес, магнезиум за спиење, Д3 затоа што докторот така рекол. И имаш организатор на апчиња и систем во глава. Порано си давал 40 евра на пијачки, сега на омега-3. Мудрост.

15. Сфаќаш дека никој нема поима што прави
Колку си постар, толку ти е појасно - сите импровизираат. Нема момент каде што сè ти станува јасно. Луѓето што изгледаат како да им е така, само подобро го менаџираат хаосот. Ова и теши и плаши, но важното е што може да те натера да бидеш пољубезен со себе.

Конечно.

22 април 2025 - 10:36