Д-р Лиса Акерли, односно, Докторот за хигиена вели дека перење на 30 и 40 степени ви ги остава гаќите полни со фекален, бактериски хаос.
Што убава вест како за еден обичен четврток.
„Кај гаќите и панталоните, било која температура под 60 степени не ви врши работа (не убива бактерии),” вели таа. „Не ги ставајте гаќите со кујнски крпи на слаба температура затоа што на крпите ќе ви завршат бактерии што никако не сакате да ви се најдат во кујна.”
Поточно, фрлате ли вие долна облека со секакви други алишта во машина? Или, ако се од чипка, можеби ги перете на рака?
Одговорете си во себе.
Кога веќе знаете дека не треба, вака вели Д-р Акерли:
Ако не можете да ги пуштите на висока температура, особено кога се работи за деликатен веш, перете со поладна вода, но со додавање на средство за дезинфекција на облека.
Ако уште не ви се верува колку се луѓето гадни без да имаат поима, еве второ мислење. Имунологот д-р Џена Мачиоки од Универзитетот Сасекс вели дека ако хигиената ни е врвен приоритет - ни 60 не е доволно.
„Не можеме да се потпреме само на температура од 60 степени за убивање бактерии, особено ако машината само кратко време ја достигнува оваа температура.”
А еве ви и пресврт, ако баш ве интересира: Ако сте еколошки освестени, од Friends of the Earth ќе ве замолат да перете на ниски температури. Две третини од нашата облека наводно содржи пластични елементи - полиестер, најлон и акрил, а тие пуштаат милиони микро-влакна кога се перат. Ова сè завршува во море, за на крај да заврши назад во нас, преку морската флора и фауна. Значи, препораката, ако сакате да намалиме со загадување е - ниска температура.
А фекалиите погоре?
Одлуката, за жал или за среќа, останува на вас.