Метју Лилард за малку ќе се врател во третиот „Вресок“

Плановите се смениле по една национална трагедија.

Лилард има изјавено дека неговиот лик во првиот „Вресок“, Сту Махер, требало да ги преживее настаните од филмот, за да може да се врати во третиот дел од франшизата, за да ги контролира настаните од зад решетки.

Ова требало да вклучува, меѓу другото (знаете како функционира приказната) терање на средношколци да ништат други средношколци. Но, пред да почне снимањето на третото продолжение, национална трагедија довела до огромна промена во планот.

Во 1999, на 20 април, во средното школо Колумбајн во Колорадо, САД се случува масакр - двајца ученици од школото убија 12 други ученици и еден наставник. Десетмина од нив биле во школската библиотека кога Ерик Харис и Дилан Клеболд влегле, ги застрелале, па се самоубиле. Повредени биле уште 21 дете, а се пукале и со полицијата.

Одеднаш, идејата за средношколци што ништат други средношколци во измислена приказна не е така наивна. Заплетот се преработил од корен и автоматски Лилард не го добиваме во продолжение.

Може ќе им текне понатаму да го вратат?

29 октомври 2024 - 09:45