Рицинусовото масло веќе некое време влегува во секој дел од интернетот што се бави со нега, убавина и здравје, па нормално - лајфстајл инфлуенсери на Јутјуб почнуваат да го тестираат.
Шеј Витни го тестирала триесет дена и открила цели (минимум) 39 начини за употреба што ѝ го подобриле квалитетот на живот. Нормално, сè доаѓа со предупредување дека за сомнежи околу здравје и убавина најубаво е да се консултираш со релевантен доктор, но кога се работи за секојдневие, рицинусот прави чуда. Очи, трепки, коса, изгореници, брчки, абдомен, кожа, дури и лимфна дренажа - на крај ќе сакате со трчање во аптека. А не е ни скапо, напротив.