Неделна доза ентериер:

Мала куќа за луѓе е како голема куќа за кукли

Доли живее во Австралија, во мало куќиче на тркала. И неверојатно е колку простор има создадено внатре.

Бидејќи куќата е одраз на нејзината личност, и бидејќи од некоја причина, луѓето што живеат во мали куќички им даваат имиња, Доли ја нарекува својата Tiny Miss Dolly. Од Living Big In A Tiny House (еднаш ги имавме, со оној екстремно мал стан во Токио), доаѓаат да ја посетат, да раскаже како стигнала до таму каде што е денес.

Еве ја од надвор:

А внатре, прво што паѓа во очи е колку е голема кујната и колку простор има. Треба умешност да постигнеш толкава кујна во толку ограничен простор.

А дека има и walk-in плакар? Најбоље. Кој би рекол дека во куќа чија што финта е дека е - мала, може да има посебна соба за гардероба?

За сè ова, и за како планираш, а како може да излезе, а и влегување внатре - од 3:20:

31 јануари 2019 - 00:08