
Последниве години се случува тивка естетска револуција. По долгата доминација на минимализмот, повторно се враќа максимализмот - да има бои, да има дезени, да врие од уметност, од книги на сите страни, спомени од патувања, предмети добиени на подарок...
Максимализмот не значи едноставно собирање работи - разликата меѓу неред и максимализам е намерата. Додека нередот создава чувство на хаос, максималистичкиот простор е внимателно составен мозаик од ствари што кажуваат нешто за личноста што живее во него. Во ентериерот тоа значи смели комбинации: стари парчиња мебел покрај модерни детали, тапети со впечатливи мотиви, полици преполни со книги, уметнички дела, сувенири од патувања и предмети што имаат сентиментална вредност.
Или, ако сакате, дом што раскажува приказна. Затоа може и се враќа максимализмот - на луѓето им е преку глава од сѐ совршено филтрирано, унифицирано и празно. Максимализмот нуди чувство на идентитет.
Трендот се гледа и во модата. По ерата на „тивкиот луксуз“, во која доминираа дискретни парчиња, неутрални бои и ненаметлив изглед, повторно се појавуваат впечатливи комбинации, голем накит, мешање стилови и облека што има карактер. Трендовите се „grandma chic“, „dark academia“ и „eclectic interiors“ и ја слават индивидуалноста и идејата дека добриот вкус не мора да изгледа исто кај сите.
Само бидете внимателни - современиот максимализам не значи бескрајно купување. Значи, не си ги полнете домот и плакарот со ѓубре - тоа секако се полни со живеење.