
Со години, Линкедин служи за вмрежување и фалење околу професионалните достигнувања, за аплицирање на работни места што може и да не постојат и за директори што немаат никаков допир со реалноста, па малтретираат народ со ВИ текстови за петте работи што ги научиле додека спремале презентација за ориз.
Сега станува не-баш-очекуван простор за романтики. Не дека ќе го замени Тиндер, ама голем дел анкетирани корисници велат дека на информациите на Линкедин им веруваат многу повеќе отколку на тоа што некој ставил во био на Тиндер. Сè уште има такви што сметаат дека Линкедин треба да остане стриктно професионален, ама па, има и луѓе што би сакале да се престане со постови од типот „што научив пеглајќи“, па никој не ги слуша.
Инаку, главните параметри се прво сликата и биото, па бројот на конекции, правците во кариерата и нивото на образование.
Еден извештај вели:
„Линкедин за светот на романтичните средби ненамерно стана она што за Инстаграм и Фејсбук е сината верификација. Служи за посигурни проверки, а во ера на гоустинг и измами, резиме и верификувана кариерна историја се смета за подобар индикатор на стабилност и карактер.“