Да престанеме да се срамиме од нешта што ни создаваат задоволство

Социјалните мрежи направија обичниот живот да изгледа како епски неуспех.

Но, од Инстаграм профилот itspaulinacee, која содржини прави од нејзиниот живот како сингл девојка без пријатели што живее сама во Њујорк, го извадивме следново:

13 обични нешта што одбивам да се срамам да признаам дека ги обожавам:

  1. Одење дома директно после работа, без да имам чувство дека морам „да ја искористам“ вечерта.
  2. Јадење на истата едноставна вечера три ноќи по ред затоа што многу ми се допаѓа.
  3. Денови што изгледаат речиси идентично затоа што стабилноста не значи стагнација.
  4. Останување дома и кога можам да излезам затоа што немам потреба да бегам од сопствениот живот.
  5. Одморање пред да стигнам до истоштеност затаа што одморот не треба да се заслужи само после распад.
  6. Бирање предвидливост после години поминати во убедување дека хаосот е некаква возбуда.
  7. Дом каде што не треба да си го заслужувам местото или да се трудам да бидам полесна за трпење.
  8. Грижа за убавина без да верувам дека убавината ја должам за да ме ценат.
  9. Сакање да имам доволно во свет што постојано се обидува да те убеди дека „доволно“ е „неуспех“.
  10. Длабока амбиција без да сакаш гласен живот полн гужви.
  11. Комплетна незабележителност понекогаш, а притоа свесност дека не ти се намалила вредноста.
  12. Дозволување животот да се одмота без да третирам нечиј друг тајмлајн како итен случај.
  13. Градење живот што е убав за живеење, дури и кога не е возбудлив за гледање.
20 август 2026 - 00:00