Политичарка има состанок на Зум и е очигледно дома. „Ви ја гледаме долната облека...“ насекирано ќе ѝ рече соговорничката во бизарен обид да го намали незгодното. „Е, добро?“ одговара „обвинетата“ и на сите ни покажува дека стварно не е страшно да сушиш дома веш и да дознаат другите за тоа. Малку се заборавивме од преправање.