Пред нешто повеќе од два века, на 16 јуни, 1816, Мери Шели го измисли научнофантастичниот жанр кога го напиша „Франкенштајн“.
Околу 150 години подоцна, Лусил Бол пишува сценарио, плаќа за пилот и се бори со луѓе што треба да дадат пари, за да се направи „Стар Трек“.
Лусил Бол има учествувано и во „Вестингхаус Десилу Плејхаус“ што му е отскочна даска на Род Серлинг, за подоцна да успее да ја продуцира „Зона на самракот“.
Пред некој да почне да се расправа, точно е дека во векот на Мери Шели има и други (зачетоци) на научно-фантастични дела, некои пред нејзе, некои после, ама колку од нив се масовно познати?