Луи Витон плус современа уметност

Ќе чита човек незгодни вести од цел свет, па ќе го почасти интернетот и со вакви пријатни работи повремено.

Стивен Спраус, Такаши Мураками, Ричард Принс, Јајои Кусама и Џеф Кунс се само дел од уметниците од кои што било побарано да вдишат нов живот во класични ташни на Луи Витон.

Вчера излезе Артикапучинс, колекција исклучителни торби дизајнирани од страна на шест современи уметници, кои користејќи го моделот Capucines како празно платно, направија нешто во кое само неколку избрани луѓе во светот ќе имаат среќа да стават мобилен и цигари. Поточно, 1800 души - од секој модел ќе има по 300.

Имаме работа со Алекс Израел, Џонас Вуд, Урс Фишер, Николас Хлобо, Чабалала Селф и Сем Фолс:

 

13 јуни 2019 - 13:38