Џон Војнк - сака да биде комичар во блекфејс.
Па, веднаш потоа ќе каже:
„Високиот морал ми е на прво место. Девојката треба да биде од мојата вера, но не задолжително. Потоа, треба да изгледа добро. Да биде популарна. Луѓето да сакаат да бидат околу неа. Весела. Не некоја тужна. Да готви добро, за да ме одржува силен. Лесна за согласување, со широк ум. Да знае да уреди дом. Да знае и по нешто за нега, во случај на болест. Три деца се фина бројка за едно семејство.“
Ајда Бар сака да јава коњи. Бара дечко што изгледа чисто, средено. Добар христијанин.
„Би сакала да е од мојата вера, но не е толку важно. Добри манири. Весел, да не е мргуд. Да биде економичен, да знае како да ги троши парите мудро. Да е здрав и да има здраво семејство. Човек на кој што можеш да се потпреш кога нешто ќе тргне на лошо. Некој да те охрабрува.“
Луис Калахан сака да лови риби.
„Сакам ведра, среќна девојка. Не некоја што нонстоп има мува на капата. Ако ја сакаш, не треба религијата да ви стои на патот. Но, добро семејство не може да постои ако не припаѓа на некоја црква. Да е интелигентна, но не препаметна, затоа што инаку ќе се обидува да се вработи. Мажот треба да го издржува семејството. Да имаме две деца.“
Колку можеме да кажеме дека е променето за 70 години?
Нолан Кувијон, сака да лови и да јаде гамбо.
„Треба да е мелем за очи. Не само да изгледа како за жалење. Добро образована. Редовно да оди во црква. Добро да готви. Да знае да го среди домот, не само да додава бескорисни работи. Да има учено домаќинство и сметководство, да може да го одржува домот. Нема пушење и пиење.
Емили Шофпајд сака да игра кошарка. Дечко ѝ не треба да е суетен и треба да биде фин со сите. Добро да изгледа, со сини очи, висок, русокос.
„Сакам да е од мојата религија. Да сака да се забавува, да е повремено и комичен. Да мисли многу на моето и неговото семејство. Да се смири, да растеме две деца, близнаци, машко и женско. Машкото да игра фудбал или кошарка. Женското да биде балерина.
Пат Џорџ сака да пржи пилешко (?!). Сопругот очекува да ѝ биде чист и среден.
„Со темна коса, сини очи, висок. Да има разбирање за другите. Да се труди да им помогне на луѓето кога им треба помош. Менталната способност се важи. Треба да имаме заеднички интереси, спортови и начини на рекреација. Четири деца се добра бројка за семејство. Треба да си го сака домот, да биде дома и да го одржува на куп. Не само да шета.“
Целиот куриозитет: