„Кутри суштества“ на Јоргос Лантимос се одложува

Тие што ја чекаа бизарната феминистичка приказна на Јоргос Лантимос, ќе почекаат до крајот на годината.

Јоргос Лантимос никогаш не се воздржувал да си ја унередува публиката, но после бруталните црни комедии и чудни хорор-хитови, описот „Викторијанска приказна за љубов, откритија и научна смелост“ звучи весело. Или не?

Самиот факт што Вилем Дефо е една од главните улоги навестува дека ќе гледаме нешто чудно, само што ќе почекаме повеќе: Премиерата беше најавена за септември, но сега ќе биде во декември, поради штрајкот на филмските работници.

Лантимос е многу горд на овој, го опишува како феминистичка верзија на Франкенштајн, адаптирана од романот со ист наслов од Аласдер Греј, издаден во 1992. Ја раскажува неверојатната приказна за Бела Бакстер, млада жена која во живот ја враќа ексцентричен, но брилијантен научник. Сепак, официјалниот синопсис фрла едно поинакво светло:

„Откако ќе се удави за да го избегне насилниот сопруг, на една жена ѝ го менуваат мозокот со мозокот на нејзиното неродено дете.“

Гледате, не е баш така едноставно.

Учествуваат Ема Стоун, Вилем Дефо, Марк Рагало, Маргарет Квели, Кристофер Абот, Рами Јусеф, Џерод Кармајкл и уште.

За тие што го имаат пропуштено трејлерот, еве го:

Да не го пропуштиме филмот.

26 јули 2023 - 15:40