Ја купиле од семејството Кобејн за 225.000 долари и ја реставрираат за да биде верна на периодот кога таму живеел Курт со семејството. Сега кога се подготвуваат да ја завршат, додадена е во регистарот на Вашингтонско културно наследство и со тоа е еден од ретките детски домови на ѕвездите што се заштитени од државата.
Ли Бејкон за Ролинг Стоун раскажува за плановите:
„Целта ни е проектот да биде во чест на раниот живот и кариера на Курт, со музејски детали. Следното поглавје е како да се изведе тоа.“
Според него, 90-95% од работата е завршена, имаат многу оригинални предмети како душекот на Курт и играчките што ги делел со сестра му. Последниот чекор е бојадисување на фасадата од моменталната жолта во зелена каква што била во ’70-те.
За да биде што е можно поавтентично, се консултирале со сестрата на Кобејн - Ким, која била воодушевена од проектот и од можноста да придонесе.
Двојката планира почнување на бесплатни приватни тури низ домот напролет следната година, „на посебни денови или настани со посебно барање,“ како што кажува Ли. „Работиме и на логистика и како тоа може да изгледа.“ Нешто подалеку ќе има поголем простор каде што ќе има спомени, фотографии и артефакти од куќата - и тоа ќе биде бесплатно за разгледување.
Одлуката да стане културно наследство (што била донесена едногласно) значи дека во иднина не може да се руши, така што и наши фанови на Нирвана имаат време да се соберат и да отидат до Абердин - и ќе имаат време со децении.