Во саботата излезе специјална епизода на Coach TV: Public Access, како дел од ревијата за ПЛ22 што се одржа на пристаништето 76 на реката Хадсон во Њујорк Сити. Во соработка со Coach Family, каде што се Боб д Драг Квин, Рики Томпсон, Меган Три Сталион, Шака Кан и многу други, епизодата е во чест на њујоршки обележја како Сентрал Парк, Забарс, Серендипити и Бруклинскиот мост, а бидејќи е во сред Њујоршка модна недела, Стјуарт Виверс смисли моделите да излетуваат енергично на скејтборди, велосипеди, за на крај финалето да биде лом, со марширачки бенд.
„Пролетта ја претставува мојата визија за нов речник на Американската мода инспирирана од нашето 80-годишно наследство низ призма на следната генерација,“ вели Стјуарт. „И славење исто, на шарениот, весел оптимизам на првиот дизајнер на Коуч, Бони Кашин - имаме клекција што ја дизајнирав како одговор на времињата низ кои поминуваме - и една колективна желба за подобра и посветла иднина.“