Корејскиот дизајнер што прави облека од коса

Корејската мода е поетична и едноставно, но моќна истовремено - вели дизајнерот од Сеул, Киминте Кимхеким. Неговиот бренд KIMHĒKIM - со минималистичка колор-палета и основни парчиња како мантили, бели кошули и широки фармерки - користи материјали и детали инспирирани од традиционална корејска облека.

На многу начини, брендот го отелотворува современиот корејски шик: црно-бело, храбри силуети. Но, чудното што веднаш паѓа во очи овде е што голем број од дизајните се изработени од коса.

По студиите во Сеул и Париз, Киминте стажира во Баленсијага, во времето на Никола Жеские. Импресиониран од занаетчиите и нивните разновидни вештини со кои заедно стигале до едно единствено парче облека, Киминте одлучува дека сака сопствено ателје и го реализира сонот. Студиото му е во историскиот Самчеонг-донг - соседство во Сеул опкружено со галерии и музеи, мешавина од традиција и креативност.

Идејата ја добива од една продавница за перики во северен Сеул:

„Додека ја истражувавме, откривме голем број перики што дури ни сопственикот не знаеше дека постојат. Само што ги видов, си реков, ‘ова е тоа!‘ Ги земав во ателјето и почнав да ткаам коса - но кога сакаш да имаш издржлива облека од коса, не можеш само да ја ткаеш. Мораш да вклучиш специјални техники и ми требаше цела недела за да дојдам до конечната техника.“

5 мај 2022 - 21:02