Во земја каде што убавината се става на ненормално висок пиедестал и се трошат милијарди за убавина, да се пријавиш на Мис Кореја, само за да „ти влезе во биографија” е чудесија. Опкружена со манекенки, глумици и девојки што цел живот се спремале за таков момент, Су Мин Ким успева да им ја собере круната, а толку ѝ е гајле, што нема ни спремено говор, туку само вика „многу е тешка крунава”.
Се разбира дека на вести тоа го преведуваат како „знаете, тешка одговорност доаѓа со оваа титула...” и слични некои измазнувања на изјави што ги даваат обични девојки, што не вежбале „мир во светот” говор со месеци.
Но, што после победата? На ред доаѓаат коментарите од јавноста, некои се воодушевени, но се разбира, повеќето згрозени дека „дебела” и „недоволно убава” девојка го претставува корејскиот стандард за убавина. Да повториме, 173 см со 58 кила. А, покрај тоа што зборува за начинот на кој таа се справила со неотесаните мрчатори со тастатура, раскажува и како тоа влијае на семејствата на јавните личности.
Всушност, се работи за многу пријатна и сталожена личност што можеби и би ја пропуштиле во хаосот од фино маркетиншки испланирани интервјуа, скандали и Кајлиџенери, ама, еве ја, ја имаме: