„Со маж ми скоро цела деценија штедевме за да се преселиме во тропски рај. Пред околу две години, замижавме и се преселивме на локацијата од соништата! Куќите таму се МНОГУ скапи (како на Хаваи), па можевме да си дозволиме само половина дуплекс. Преубав е, на вода, и има простор и за нашето бротче. За несреќа, до нас живееја и една Карен-тип, дечко ѝ и нејзините три гремлини.
Самиот дуплекс го поседуваше еден постар господин и тој ги изнајмуваше двете страни. Немаат врска една со друга - ние го купивме тој со пет спални и три купатила. До нас беше со две спални и едно купатило. Со нашата страна доаѓа и 90% од дворот, плус газебо и пристаниште. Другата страна има мал двор, тераса и многу помал дел од пристаништето.
Според документите, секој станар има право на одредената квадратура на дворот, но немаше никаква ограда, па сите што изнајмувале го користеле целиот двор. Откако ние го купивме нашето, Карен веднаш се обиде да се расфрла наоколу и очекуваше да продолжи со таа привилегија.
Ѝ реков дека ако праша, можеме да ѝ излеземе во пресрет. Таа мислеше дека ова значи дека може да прави што сака и во било кое време.
Еднаш со маж ми уживавме со пијачки надвор и дојде камион кој донесе едно џиновско нешто на дување и го намести во двор. Ја прашав што мисли да прави и рече дека е за ќерка ѝ за роденден. И дека настанот е само за роднини и пријатели, па ако сме можеле да си седиме дома! Не сакав да го уништам роденденот на детето, па ѝ реков дека уште ова и веќе нема пристап до нашиот двор. Карен не се потресе и продолжи да се спрема за забавата.
За време на истата забава, еден пијан човек ни залута дома и нѐ шокираше. Му кажав дека нејзината куќа е од другата страна, ама тој рече „Па, Карен рече дека целиот имот е нејзин и дека можеме да одиме во кое купатило сакаме.“
Го упатив во нејзиното и наскоро дојде како фурија, врескајќи како сме смееле така да ја избрукаме пред пријателите и како сме можеле да бидеме толку себични - ни едно купатило да не сме понуделе.
Рече и дека не сме го заслужувале целиот простор, а само двајца сме биле. Ѝ реков да ми се мавне од дома, да не викнам полиција. Конечно си отиде и забавата брзо после тоа заврши.
После инцидентот моравме јасно да дефинираме до кај ни е дворот и да ставиме ограда. И веќе кога решивме да трошиме пари, планиравме да ја направиме и терасата, да направиме простор за логорски оган и летна кујна.
Додека разговаравме со изведувачот, Карен дојде да истражи. Планирав оградата последна да ја правиме, па ја излажав и реков дека „нешто ќе ја средуваме терасата“. Се израдува, затоа што во нејзината глава, тоа што е наше е и нејзино.
Кога почнаа работниците, Карен дојде да се дере да престанат. Излегов и им реков да продолжат, а нејзе ѝ реков да се тргне. Се разбира, викна џандари.
Следуваше моето објаснување дека си градиме на наш имот, а и дека сопственикот на другиот дел ШТО НЕ Е КАРЕН е свесен за тоа. Кога џандарот строго ја искара Карен, мислам дека ќе ѝ експлодираше главата. Се врати дома и ја тресна вратата.
Ние си добивме ограда, и мислев дека тука ќе заврши, но се разбира дека не.
Еден ден, дечкото на Карен влезе во приказната и беше еднакво ужасен како нејзе. Фрлаше пикавци и празни лименки пиво преку оградата затоа што „не сме ја почитувале жена му“.
Има и брод, поголем од тој мал дел од пристаништето што доаѓа со неговиот стан. Ние имаме многу повеќе, а само еден брод, па остатокот го рентаме. Еднаш додека не бевме во градот, Карен и дечко ѝ се претставиле како нас и избркале еден кираџија. Дознав неколку недели подоцна затоа што ми остави ужасно мислење на Јелп - како сме му рекле дека може да седи три месеци, па сме биле нељубезни и сме го избркале. Му се јавив и ми раскажа, па споив 2 и 2. Едвај го убедив да се врати и му дадов да паркира неколку месеци без компензација.
Пазарот беше во колапс, а ние се мислевме што да правиме со останатата заштеда и се појави совршена можност. Стариот газда беше очаен за пари и уморен од менаџирање на преостанатиот имот (Карен му се јавуваше секоја недела за најмали ситници). И бидејќи имавме пари што сакавме да ги инвестираме, плус ни се појави шанса да контролираме кој ќе ни биде сосед, решивме да ја искористиме можноста!
Бидејќи не ни требаше ни хипотека ни инспекција (затоа што инспекцијата ја направија само една година претходно), сѐ се заврши за помалку од две недели.
Карен знаеше дека има нов газда затоа што го регистриравме имотот на правно лице, но не знаеше кој е… до пред 8 дена.
Отидов кај нејзе на врата и тропнав. Ми отвори со „Што сакаш?“
Се насмевнав, ѝ дадов документи и ја потсетив дека треба да плати кирија до петок, но дека примам и чекови, ако ѝ е полесно. И сум слушала кога се раскажува како некој „побелел во лицето од шок“, ама тогаш прв пат го видов тоа во живо!
На Карен ѝ кажав дека може да седи до јули, до кога ѝ истекува договорот, но после тоа ќе мора да планира да се сели затоа што сакаме да реновираме пред да се вселат новите станари.