Cinema, mon amour е одличен Фејсбук пејџ, да си го лајкнете. Кадри од култни и некултни филмови, дискусии на тема што може баш во моментот да ви се погоди, и на крај, изнаоѓање на вакви дијаманти во калта од Фејсбук/Јутјуб видеа направени исклучиво за кликови.
Овде некој седнал и ја изнашол секоја сцена што и без тоа ни е врежана во глава, што за плачење, што за смеење, што за уште некоја силна емоција каква што само филмско совршенство може да извлече. Па макар и да е „Титаник.”