Колку ниско можете да паднете?

Отсекогаш имало мажи што тежнеат кон што е можно помлади (па и едвај легални) жени, како би можеле „да ги обликуваат“ како што им одговара, само што - сега имаат и микрофони.

Интернетот е полн со самопрогласени „алфа“ мажјаци (да се потсетиме: не постојат) што делат и солат памет околу начинот на кој што жените треба да постојат (читај: во однос на нив, и никако поинаку).

Од другата страна има жени што не ги есапат за живи (или ги есапат додека не наполнат 25 и не ги надраснат), а и мажи што не додржуваат, па решаваат да ги предизвикаат. Таков е Вил Хичинс, креатор на содржини што ги лови ваквите сељаци и им „упаѓа“ во збор секогаш кога ќе излупаат дека жените имаат рок на траење, или пак ќе се запрашаат што мора да има закон што одредува колку младо е премладо.

Sирнете колку е длабоко дното и на кои сè начини може да се пробие:

12 април 2024 - 00:00