Која ви е омилена Кејт Мос?

Што ви текнува прво? Божем растурена коса? Или црн туш? Или исплакнат изглед. Кејт Мос е вечно со некој рокенрол став кон животот, влијанието што го има врз стандардите за убавина е неспорно. Сега, Вог собира четворица шминкери, да кажат како најмногу им се допаѓа.

Вал Гарланд

„Кејт е позната по многу различни начини на шминка, од смоуки очи и беж усни, до мачкини очи и црвен кармин. Да добиеш шанса да работиш со структура на лице како нејзиното, како и со човек со брилијантен карактер како нејзиниот е сон на секој шминкер.”

(Веројатно сака да каже дека омилено и е или смоуки со ништо, или туш со црвено.)

Линси Александар

„Кога ќе помислам на Кејт како икона, секогаш ја гледам низ призма на Корин Деј, која прв пат ја сликаше за насловна на Вог - исплакната од шминка, безгрижна и прекрасно сирова, на плажа, во рани 1990-ти. Се уште ги има најизвајаните јагодици и полни усни и често ми бара да и додадам уште пеги на лицето - ги вика „молив на младоста!”

Мери Гринвел

„Кејт е таква икона и тотално прекрасна. Секогаш ја споредувам со Брижит Бардо - никој не знае како што знае Кејт. Има нешто француско во неа, и покрај лондонските корени. Кога ќе помислам на неа, мислам на неверојатната боја на коса и високи јагодици и совршена кожа. Кога ја шминкам, и ја оставам кожата многу природна, без контурирање, и правам смоуки очи и малку ги истакнувам усните.”

Шарлот Тилбури

„Кејт е икона за убавина! Има хипонитизирачки, волшебен магнетизам што ја менува фреквенцијата кога ќе влезе во некоја просторија. И има многу лица кај Кејт. Има неверојатна фаца што може да се преобразува во различни карактери. Една од омилените ми е сесија што ја правевме во 2002-ра за Вог - со бронзено сјајно лице и младешки изглед, пеги и нуд-усни, што подоцна ме инспирираше да креирам и боја за кармин што го нареков Nude Kate.”

27 мај 2019 - 00:00