Кој сака шетање низ куќата на Барби?

Додека (сите!) чекаме да го видиме филмот, Марго Роби и Architectural Digest ни прават тура низ Барби Дрим Хаус, розевото пластично совршенство од детството, што ни во филмот не отстапува од својата пластичност и сега ќе видите зошто.

Прво, како што забележаа и фановите, куќата е отворена, баш како што беа и играчките-куќи, за да можеш да ги движиш барбиките од соба во соба, без да се мачиш да го пикаш рачето во мали просторчиња. Второ, пластично е и точка, сосе базен, сосе чаши и храна, и многу, многу розево.

Режисерката Грета Гервиг (видливо преморена) споделува дека куќата била тема на безброј состаноци и дискусии, особено за бојата, која наводно ја купувале во толку големи количини што почнало да снемува на национално ниво. Дури и белото им е всушност многу светло розево.

20 јуни 2023 - 16:36