Кој сака Монтка фустан?

Ладничко ви е, а ви се дотерува како за гала вечер? Монклер мисли на вас!

Поточно, баш и не знаеме што мисли Монклер, ниту ни е јасно што си мислеле кога го креирале фустанот што главечки скока во 2020.

Италијанскиот бренд Монклер искористи пафер јакна технологија и направи фустан - името му е Down-Quilted Long Puffer Dress и озбилно се продава. Не само што озбилно се продава, туку и цената му е 2710 долари. Сѐ за мода, нели?

Нели.

Го има во кобалтно сина и розева боја, замислете, сѐ уште можете да си нарачате, ама за жал, ракавиците од погорната слика искомбинирани со розевиот не можете - распродадени се, затоа што и цената им беше симпатична - 1500 долари за нив.

Штета, тие се баш супер. За фустанот не знаеме што да кажеме. Веројатно ќе го отседиме овој предизвик, затоа што неверојатно потсеќа на изживувањата на Баленсијага со мозокот на просечниот моден ентузијаст.

Едно прашање само. Ќе се најде ли јунак, чии мислења се сметаат за релевантни да им рече „доста се глупирате“ како што им прават на некои помали брендови? Или ќе одлучиме ова да го гледаме од еден поинаков агол, на слобода во изразување и доказ дека буквално сѐ може да пројде, па да го поздравиме ова сознание?

27 јануари 2020 - 13:29