Кој побара нова адаптација на „Кристина“?

Па, никој, ама еве ја пак.

Хорор-продукцијата Блумхаус, од каде што излегоа Ma, Insidious, Get Out и Us, се спојува со Стивен Кинг и ако се изземе тенденцијата на Стивен Кинг да се подзагубува кога ќе дојде ред да напише крај на приказната, ова е супер комбинација.

Ама, дали реално ни требаше нова адаптација на „Кристина“?

Дали воопшто некогаш ни требало адаптација на романот „Кристина“?

Ај ќе се помириме дека како и многу други необјасниви работи, и оваа морала да ни се случи. И сега ќе ни се случи пак.

Сони Пикчрс и Блумхаус ќе прават нов филм за дементната кола, со Брајан Фулер, режисерот на „Ханибал“. За неупатените, ако воопшто постојат такви, романот е од 1983, од нашмрканите и нашљокани денови на Стивен Кинг, дејствието е сместено во ‘70-те и се работи за кола што оживува и прави бељи.

Колата е Плимут Фјури и се вика Кристина, главниот лик и бубалица Арни ја купува од еден мистериозен стар човек и за кратко развива нездрава опсесија со неа (последново баш и не е нешто невидено).

И на пример, има моменти кога силеџии ја кршат Кристина, па Кристина се враќа во првобитна состојба и се одмаздува со тоа што ги убива сите еден по еден. 

Претходната адаптација беше на Џон Карпентер и тогаш критиките беа измешани, ама тоа не спречи филмот да стане класик и да не можете вечер да го пуштите на Нетфликс.

Фулер планира да остане верен на содржината и да ја остави приказната во ‘70-те, а датум за почнување со работа сѐ уште нема.

Па дотогаш, да се потсетиме:

11 јуни 2021 - 10:07