Кој е во право?

Батали корона, 5Г, вакцини и Бил Гејтс. Интернетот секогаш ќе може да си најде нешто свежо за поделба.

Сепак, имаме овде една ситуација што ги дрма темелите на бонтонот во авион.

Дечко во последен ред, со седиште што не се спушта.

Жена на седиштето пред него - кое се спушта.

Го спушта.

Типот избезумен, почнува да го тресе седиштето.

Жената го снима.

Твитер, социјалната мрежа со најмногу „мое мислење“ по килобајт, веќе има два табори, или три, ако се смета и страната со „двајцата се криви.“

Првите тврдат дека дечкото е сељакот во ситуацијата, затоа што „кој му е крив што букирал такво седиште“.

Вторите тврдат дека жената е безобразна, затоа што, ако нешто можеш да направиш, не значи дека мораш, особено во авион.

Сите се согласни дека тресење седиште е врвна инфантилност.

Вие?

2 јули 2020 - 05:53