Кога одговорноста се користи како оружје, тоа од прилика изгледа вака:
Да речеме дека бебето се разбудило и плаче. Нема пелени, па трчаш по скали за да сфатиш дека новите пелени се во кола. Го погледнуваш сопругот, кој во моментов поправа квака и се обидуваш да му објасниш дека ти треба помош. Кога ќе збеснеш, тој е збунет. И ти вика „Ама јас имам овде работа“. И се разбира, важно е да се поправа по дома. Но, она што вистински би било од помош е да престане со тоа што го прави во моментот и да оди до кола да земе нови пелени.
Во основа, значи, злоупотреба на одговорност е кога партнерот дава приоритет на тоа што тој треба да го заврши, наместо тоа што двајцата треба да го завршите.
Уште примери? Кога ќе поканиш 15 луѓе на вечера и во последниот половина час мораш сѐ да направиш, а партнерот баш тогаш мења уље. Да спакуваш сѐ за семеен одмор, за сите, сам/а, затоа што партнерот/партнерката цел ден го поминал на спремање плејлиста за по пат?
Не дека не помагаат. Само што приоритетите им се на погрешно место.
Ова се случува почесто отколку што мислиме и не се работи за самиот чин - да се измијат садови или да се смени масло. Не е проблемот во кој што решил да прави, туку кога тоа се користи против другиот. А тоа користење е знак на лоша комункација.
Има врска и со динамиката на премногу функционален и недоволно функционален партнер.
Првиот верува дека работи на општото добро и поважни му се заедничките потреби наместо сопствените. Често има најдобри намери и претерува со компензирање во нешта за кои смета дека партнерот нема доволно добро да ги направи. Ова креира маѓепсан круг каде што првиот почнува да контролира, а вториот може неговите одговорности да ги злоупотреби за да ги избегне анксиозноста и конфликтот на дисбалансот.
Кругот се растура со тоа што двајцата партнери се договараат кои задачи се поважни и кој за што е одговорен. Потребен е разговор, со јасна артикулација на проблемот. Истражувањата покажуваат дека поделбата на трудот во домот е ретко еднаква и обично повеќето работи завршуваат на грбот на другиот.
Затоа, по којзнае кој пат - комункацијата е од суштинска важност, Клучот лежи во тоа да се слуша и да се охрабрува перспективата на партнерот, макар и да има отпор.