Кога не ти се допаѓа дечкото на другарка ти

Ако си тип на човек што сака да се согласува со партнерот на најдобрата другарка, па и да биде од него почесен член на вашето друштво, може да биде многу тешко кога ќе излезе дека човекот е ужас.

Одеднаш, мора да се поднесува, наместо да се ужива во секое дружење, ама - си ја сакаш другарката и се трудиш да управуваш со овој кошмар. Да кажеш што мислиш? Смееш ли воопшто? Или едноставно, да си ќутиш?

Еве некои жени вака викаат:

1. Се дружиме индивидуално, не во парови, а ѝ кажувам што ме загрижува, доволно за да не ја оттуѓам од себе. И никогаш не ѝ викам „ти реков.”

2. Никогаш не сум го сакала сопругот на најдобрата другарка и пред да се земат ѝ реков дека може и подобро. Секако се омажи за него и среќна е, па не спомнав веќе. Поточно, не спомнав до минатиот месец. Ги посетивме на неколку дена и откако си отидовме, ја натерал да ни прати попис на се што сме им „уништиле” во станот, на пример, дека сме им ја изгребале вратата. Ништо не им оштетивме, чистевме зад себе, секаде ги возевме и си ја плативме храната во тие три дена додека бевме таму. И реков дека ни дал до знаење дека не сме веќе добредојдени и дека нема веќе да им отидеме. Со нејзе не прекинувам контакт, а ни односот не ни трпи, барем до сега. Се грижам дека оваа тактика за манипулација е знак за малтретирање и мојата врата секогаш ќе биде отворена за нејзе.

3. Со тек на време се разидовме. Таа мојот дечко не го сакаше, а ни јас не го сакав последниот со кој што беше. Буквално ми кажа дека влегла во врска со него затоа што имал завршено факултет и работел. Целиот негов карактер се вртеше околу спорт, како имал брада и како бил во некој бенд пред сто години. Буквално најдосадниот човек што сум го запознала.

4. Кога најдобрата другарка се забавуваше со типот што сега ѝ е маж, јас и тој не се согласувавме. Секогаш ми беше непријатно во негово присуство. Се обидов барем да бидам пријателски настроена кон него, ама никогаш не ми успеа. Само што се регистрираа, ми се сврте и ми рече „Океј, сега може да се дружиме.” - што ме збуни затоа што мислев дека ме мрази. Ама ако сум искрена, сега пријателството ни е скроз пристојно. Се изненадив, но барем можам да кажам дека не е толку лош како кога и беше дечко.

5. Сегде го носи без да ми најави. Ако сме се договориле да излеземе само ние, во последен момент ми се јавува да ми каже „Еј, и ____ ќе дојде!” Сум разговарала со неа за ова милион пати и не слуша и не се дружам со нив како порано.

6. Не сум мислела дека е мое да кажам, но човекот со кој другарка ми се гледа во моментов е толку страшен, што се ежам. Нема да ѝ кажам ако не ме праша, но ми прави да ми е непријатно и нема да си го жртвувам мирот за нејзините лоши одлуки.

7. Не ѝ кажувам дека не го сакам. Кога разговараме за врската/проблемите што ги има со него, само ѝ кажувам дека заслужува да се чувствува среќно и сигурно..

8. Откако се омажи за него, не сме блиски како порано. Разговараме, ама не за нивниот однос. Се надевам дека е среќна, но ако не е, не го споделува тоа со мене. Јас сум виновна, затоа што бев толку директна и недипломат… Но и таа е, што сподели толку негативни работи, без да очекува реакција.

9. Открив дека ако кажеш што мислиш, другарката само ќе остане со тој човек подолго. Тешко е да ги оставиш сами да стигнат до одговорот. Избегнувај коментари што не се неутрални.

10. Ваква ситуација имам со другарка сега: Знае што мислам за нејзиниот партнер и зошто мислам дека не е добар за нејзе. Ја слушам како зборува за нејзината врска и сочувствувам, се обидувам да не давам негативни коментари. Таа е стигната до точка каде што мислам дека знае дека врската ќе ѝ заврши. Јас се обидувам да ја поддржувам и ако раскинат, и во тие моменти ќе ја поддржам.

11. Типот е сељак. Не ја малтретира (колку што знам), но е персонификација на занес, претенциозност и чудност. Да бевме во цртан филм, тој ќе беше ласица со кожна јакна. Зборува со претерано формална дикција без причина, ги дави сите со факти и генерално сака да биде многу појак отколку што е. Цело друштво и нејзините родители не можат да го поднесат. Ќе прават свадба за два месеци. И сите си ќутиме за да покажеме поддршка.

18 јули 2019 - 01:11