Според некои кралски извори кои добиле амин да зборуваат со Дејли Мејл, одлуката на Хари да напише мемоар и да го објави истата година кога е и јубилејот се смета за „никаква почит“ и „очигледно намерно“.
„Нејзиното Височество се изнамачи да го држи односот со внукот и неговото семејство настрана од одлуките што треба професионално да ги донесе, така да кажеме. И поканата да дојдат догодина беше искрена,“ вели изворот. „Иако работите се тешки, имаше мала, но упорна надеж дека ќе има поминато доволно време за работите да се залечат. Но сега расположението е дека книгава ќе биде капак. Јасно е дека тој и човекот што ќе пишува во негово име (новинарот и романсиер Џ Р Морингер) нема ништо да остават неоткриено. Да се очекува дека ќе го видиме Хари меѓу кралското семејство во иднина е сѐ поневеројатно. Многумина сметаат дека ова е крајот на пругата.“
Во меѓувреме, има друг извор што вели,
„Да се извади книгата во иста година со Платинестиот јубилеј на кралицата е длабоко непочитување. Славењето ќе трае цела година… а сега ќе биде извалкано со откритија, серијализација, па на крај, публикација. Не е важно што тој ветува дека ќе стави внатре. Интервјуто со Опра докажа колку знаат тие зборови да бидат празни.“
Хари ветува дека нема намера да го повреди семејството и дека сака само да ја каже својата вистина.
Мда.