Ќе може и заменки да се додаваат на Инстаграм

Ова, во случај да го имате пропуштено како тренд, се однесува на оние додатоци во името на профилот на социјалните мрежи - нели, слика, име, и во заграда (he, him), или (they, them) ако си незадоволен од полот што ти го наметнува општеството или еден куп други што не сме ни знаеле дека постојат - сега ќе ги научиме.

Инстаграм ќе овозможи алатка каде што во „промени профил“ ќе можеш да си избереш една од многуте заменки за да му кажеш на светот како што се чувствуваш. Откако ќе изберат, на корисниците ќе им се појави од страна до името со сиво и следачите ќе знаат како се чувствуваат и како да им се обраќаат.

Од компанијата на оваа алатка гледаат како продолжување на опциите а себеизразување, а освен од вообичаените he, him и she, her, ќе може да се бира и меѓу следните заменки:

ze, zie, per, xe, fae, vi и e/ey

Не се радувајте одма, алатката е сега за сега достапна само во Америка, Велика Британија, Канада и Австралија, но ја сметаат за важен чекор во охрабрување на дискурсот околу пожелните заменки, идентитети и елиминацијата на „архаични сфаќања“ на родовата бинарност.

„Инстаграм се радува што ќе го нормализира користењето на заменки, притоа промовирајќи повнимателна заедница,“ велат во јавното обраќање.

А да:

14 мај 2021 - 13:13