Во време кога препораката е дека „треба да си го чуваш мирот“ и да се ставаш себеси на прво место, се случува луѓето да не знаат на кого да се обратат. Ова води до екстремни нивоа на осаменост, до степен дури и епидемија да се прогласи.
Ајанда, 27-годишна креаторка на содржини од Бостон, вели дека често живее во страв да не бара многу од луѓето околу неа. „Никогаш не мислам дека вредам за некој да ми помогне со нешто. Да барам помош некој да ме пресели, да ми помогне кога немам време, или кога едноставно ми треба уште еден пар раце.“ После ваквите размислувања, Ајанда објавува (сега вирално) видео на ТикТок со наслов „зошто треба да дозволиш луѓето да ти побараат помош и кога не ти е пријатно“.
„Многумина од нас велат дека сакаат повеќе заедништво, но не сакаат да вложат време, труд и да, понекогаш и да дозволат да не им се прави нешто, а да го направат,“ вели таа. „Но тоа гради и одржува врски.“
Др. Лорен Кук, клинички психолог, вели дека во моментов се наоѓаме во фаза каде што пријателството на сите ни е потребно, но често немаме волја да одиме по патеки кои се потребни за да се доизградат и одржат тие пријателства. „Дел од проблемот,“ вели таа, „е што претеравме со воведување граници. Ако не ни одговара на распоредот, или ни предизвикува стрес, многу брзо пријателите ни стануваат товар, наместо на тоа да гледаме како прилика за конекција.“
Излегува дека ако секогаш гледаш „да ти одговара“ кога се работи за друштво, значи дека ја промашуваш поентата. Всушност, преку „непријатности“ од типот да однесеш другар/ка на доктор, или да помогнеш некој да се пресели, се отвораш кон подлабоки врски со луѓето околу тебе.
„Фокусирајте се на тоа колку е фино чувството да помогнеш некому, наместо на товарот што се наметнува на твојот распоред,“ вели др. Кук.
И ова може да значи седење во закочен сообраќај на пат кон аеродром, ама можеби е тоа мала цена што треба да се плати за да се средат приоритетите во животот кога се работи за психичкото здравје и општо, среќата и односите со луѓето во животот.