Кели наполни 50

Кога се работи за здравје и среќа, Џени Гарт инсистира дека сѐ е до друштвото околу тебе.

„Многу сум селективна за тоа со кого поминувам време и какви разговори водам. Мојот круг е смален по мој избор. Имам ограничен капацитет и енергија за светот и сакам да сум сигурна дека ги вложувам на вистински места, со вистински луѓе.“

Гарт имаше само 18 години кога преку ноќ стана славна преку „Беверли Хилс“, но додека живеела под рефлектори, сфатила дека треба да обрне внимание и на менталното здравје.

„На терапија одам уште од раните 20-ти. Научив многу за себе и како да се грижам за себе. Кога имаш проблеми со менталното здравје, какви и да се тие, навистина се чувствуваш осамено. Како никој да не размислува како тебе, како никој да не ги бие твоите битки. Но, со терапија учиш како да се грижиш за себе.“

Практикува медитација барем 10 минути дневно, ужива во природа и вели дека секојдневните прошетки се главен столб на нејзината ментална состојба. Има две ќерки кои се исселени од домот, се грижи за нив постојано како и секоја мајка, но е свесна дека за да биде најдобра што може, мора прво да се грижи за себе.

Намерно го ограничува времето поминато на социјалните мрежи бидејќи, „се уморуваш од гледање на сечиј совршен живот, ти се цеди енергијата и физички станува напорно.“

Во однос на стареењето, вели дека 50-ката ѝ била еден „ментален ролеркостер“, но е решена да остане позитивна во очите на промената.

„Важна бројка е. Но, морам да кажам дека доаѓаш на многу фино место кога ќе наполниш 50 - со внатрешна самодоверба, тишина што навистина е пријатна состојба. Не мислев дека ќе ми биде толку пријатно, но навистина е.“

5 септември 2022 - 13:32