Кажи ми дека си жена, без да ми кажеш дека си жена

Како се прави тоа? Па, лесно - ќе си кажеш со што мораш да се соочуваш секој ден и тоа да биде нешто што на маж никогаш не би му било проблем.

Серијата потекнува од твит, со текстот од насловот и авторката почнува прва:

Кога се движам по затемнета уличка, ментално сум свесна за сите начини на кои би можела да избегам.

Од таму, се отвараат:

  • Морам на мажите да им кажам дека сум во врска, иако сум сингл, затоа што попрво би почитувале непознат маж, отколку мојот избор да кажам не.
  • Мојата строгост на работа се нарекува „добиено“.
  • Никакво професионално или образовно достигнување не го надоместува фактот што сум немажена.
  • „Ќе се предомислиш за раѓање.“
  • Главно сум последна што седнува на маса за ручек, последна што си легнува и прва што станува.
  • Се очекува од мене да ги памтам сите родендени и годишнини и да ги потсетувам другите.
  • Ме прашуваат дали сум стјуардеса кога кажувам дека летам за авиокомпанија.
  • Помала ми е платата.
  • Мојата вредност како човек се сведува на „успешен“ брак и волја да донесам дете на свет.
  • Ме учеа како „да седам пристојно“ и да не се смеам гласно.
  • „Те молам исечи торта и подели ја.“ - на прослави на работа.
  • Дишам нервозно секогаш кога сум со маж во лифт.
  • Ми кажуваат да не кревам толку тешки тегови.
  • „Кој ти ги чува децата кога си на пат?“
  • Се воздржувам да се расплачам на работа затоа што се плашам дека ќе ми судат и не сакам да им дадам шанса да ме наречат „емотивна“. Друг некој да пцуе или да се нервира, ќе кажат само дека има лош ден.
  • „Кој ќе се грижи за маж ти додека си на пат?“
  • Кога сум сама, шетам со клучевите спремни во рака, во случај да треба да ги искористам како оружје.
  • Често ми викаат дека е фино што имам амбиција, но дека е неприродно да не сакаш брак и семејство на моја возраст.
  • Што би можела јас да знам за политика, економија или што и да е?
  • Ако сите заборават на ручекот, морам јас да го направам.
  • Секогаш носам солзавец.
  • Моите професионални достигнувања се мерат според мојот пол, а не затоа што заслужувам да ми се препознаат заради трудот и посветеноста што сум ги вложила.
  • Ако некој од моето семејство, постар или помлад се разболе, јас сум таа што мора да земе слободни денови за да го чува.
  • Морам да праќам пораки на блиските секогаш кога патувам сама. Опсесивно да проверувам дали ми е наполнет телефонот и дали имам полнач.
  • Да се преправам дека зборувам на телефон во такси.
  • Секогаш носам книга за да избегнувам контакт со непознати.
  • Се потценувам, постојано.
  • Преминувам улица ако видам двајца машки како стојат заедно.
  • Секогаш се јадам и за најмалите грешки. Газам по тенка линије меѓу „мајка“ и „вработена“.
  • Чувствувам вина кога треба да го оставам син ми и да одам на работа.
24 декември 2020 - 13:52