Како втората светска војна ја роди Њујоршката модна недела

Пред да стане ова што е денес, Њујоршката модна недела била далеку по интимен и поексклузивен настан. Не само тоа - Втората светска војна одиграла клучна улога во зачетокот.

За време на Втората светска војна, жените влегуваат по фабрики и почнуваат да се облекуваат во поедноставни парчиња. Додатоците се само остар ајлајнер и црвен кармин. Поради условите и новите општествени норми, драстично се променил стилот - панталони и маици со кратки ракави станале поприфатливи, особено кога веќе одредени материјали смееле да се употребуваат само за воени цели.

Еленор Ламберт ја нарекуваат првиот моден публицист во Америка - била директорка за печат и мастермајндот зад првата модна недела во Њујорк. Со малку ПР-магија и талент за поставување трендови, првата ваква модна екстраваганца се појавила на сцената во 1943. Еленор верувала дека најдобар начин да се следи американската мода и новите дизајнери е преку настан Fashion Press Week - терминот што денес го користиме не бил спремен до ‘90-те.

Всушност, пред ова, од американските дизајнери се очекувало да летаат во Европа и да ги реплицираат европските трендови. Со војната ова станало невозможно, и не само што париските модни куќи затвориле, туку и патувањата за задоволство биле прекинати.

„Американците се чувствувале многу второкласно во споредба со Европа - отсекогаш сме ги гледале како лидери,“ рече еднаш Тим Ган во документарната серија за мода American Style. „Пред Втората светска војна бевме нација на копирачи.“

Според него, единственото место каде што можело да се види креативност и иновација било Холивуд. Џоан Крафорд, Кетрин Хепберн и Рита Хејворт биле меѓу првите трендсетери, чии комбинации се копирале во продавници, па и обичните жени почнале да се снаоѓаат подобро со личниот стил за време на војната. Недостатоците ги терале луѓето на креативност, како кога цртале линија на ногата за да имитираат најлон-чорапи.

Што точно ја тера Еленор Ламберт да ја почне оваа традиција? Едноставно речено, дизајнерка на која ѝ дошло преку глава да не ја забележуваат.

На Еленор ѝ приоѓа Адел Симпсон и ѝ вели,

„Американската мода е многу чудна бидејќи изработувачите на облеката не ги промовираат дизајнерите. Не им ги ни знаат имињата, а и нам ни треба промоција. Француските дизајнери добиваат многу внимание, ние не.“

Им треба време да ги убедат претставниците на медиумите, но им успева, па сега имаат новинари, дизајнери и фали уште да се случи настанот. И според Смитсонијан, наместо да има повеќе ревии на различни локации, првиот настан е во хотелите Пјер и Плаза и за разлика од денес, ревиите ги носеле кај уредниците и само тие смееле да им се воодушевуваат.

Низ годините, модната недела доживува многу трансформации - меѓу кои и таа од 2020, кога повторно мораше да се измисли себеси поради коронавирусот.

Сепак, суштината останува иста. И денес се очекува експлозија од претерани идеи, храбри силуети, калеидоскопски дезени и сѐ што ќе ни падне на памет. И никогаш не престанале луѓето со нетрпение да ја очекуваат.

16 септември 2022 - 00:01