Иако е обременет со тој дискурс, истовремено е вечно стилски - затоа и останува прв избор за „дами кои ручаат“, а на некој начин е и демократски и елитистички. Од една страна, ја претставува беспрекорноста на дамите од големото добро утро, а од друга, антитезата на шнајдерството на стариот свет - заради која се отфрлија корсетите и потсукњите.
Коко Шанел инаку доаѓа од кај многу обичниот народ, барем како помлада. Била акутно свесна за класните прашања бидејќи доаѓала од сиромашно семејство - го криела минатото за да ја прифатат во модното друштво и го користела сопствениот имиџ за да го претставува брендот. Со други зборови, го прифатила животниот стил што нејзиниот бренд го промовирал, и се дотерувала и покрај расположението кон дизајнерите кои тогаш ги сметале за обични занаетчии и недобредојдени во високото општество. Не успеала веднаш да ја освои богатата класа, отпрвин затоа што материјалите што ги користела не биле многу луксузни. Твидот бил тежок, но таа тврди дека по некое време ги научила Шкотите кои го произведувале да го направат полесен.
Една од пречките за пробивањето на Шанел-костимот биле машките конотации - денес е зенит на женственоста, но тогаш уште не било секојдневие жените да шетаат во навидум машки кроеви.
Не се ни плашела од копирање, па прифатила лиценцирање и дозволила нејзини дизајни да се продаваат во стоковни куќи во САД или во бутици во Велика Британија како Маркс и Спенсер. Ова значи дека многу повеќе жени (дури и тие од пониските класи) можеле да си го дозволат изгледот. Така, не останува статусен симбол не само за парижанките, туку добива подемократска димензија.
Понатаму, на чело на Шанел застанува Лагерфелд, кој го носи дизајнот во дотогаш непознати правци, а Франко Москино на мајтап му ги менува копчињата со златни лажици. На крај, кралот на кампот, Џереми Скот измисли еден куп начини за ремикс на „недопирливата женственост“ - го обои со палета на Мекдоналдс во 2013, а во 2014 го спои со Барбикор.
Последната важна појава на Шанел е во „Барби“ каде што костимите беа дел од официјалната соработка.