Не помага сигурно ни тоа што е бренд што на големо се фалсификува, во некои случаи и многу успешно. А се фалсификува затоа што е лесно препознатлив, сите сакаат да го имаат и спремни се и кеса да носат, само за (стилски) да „кажат“ нешто.
И самиот бренд не си помага - припаѓа на тие што лепат огромно лого на што стигнат, од оној маркетиншки трик за обичен народ - знаат дека ако фрлиш куп пари на дуксерот, ќе сакаш да се знае дека си дал пари и со тоа ти овозможуваат да учествуваш во приказната, иако тие пофините парчиња нема да можеш да си ги дозволиш.
Бизнис Инсајдер пишува дека падот на Гучи беше неизбежен. Новата колекција, откако Гучи раскина со Алесандро Микеле не поминува добро. Цената на акциите паѓа, а како што ќе каже една модна публицистка за магазинот, Линдзи Соломон, „Кога ќе замислам моден уредник, не го замислувам во Гучи.“
Или, едноставно кажано, Гучи не може да ги стигне колегите.