Како ослабе Ребел Вилсон?

Откако постигна тежина од 75 килограми, Ребел Вилсон се отвори за причините што тргнала на „година за здравје“ и стратегиите што ги употребила за да ѝ биде успешна.

Во живо на Инстаграм сподели со фановите дека во минатото не успевала да се третира себеси со „љубов и почит“, но е на пат да развие способност за „сакање себеси“.

„Тешко ми е кога зборам за емотивните работи. Тешко е. Но, можам,“ вели и додава дека Холивуд ја бирал само за дебели улоги и варијанти на „Дебелата Ејми“ од Pitch Perfect.

„Не се ценев доволно и тоа беше тешко. Се обидувам да го сменам тоа однесување.“

Најголемата причина што решила да слабее бил моментот кога сфатила дека е дебела веќе 20 години и кога добила желба да замрзне јајце-клетки.

Истакнувајќи дека не е медицинско лице, со фановите споделува за кои стратегии се одлучила - детоксификација, програм за физички вежби и пристап до тренери и здрава храна.

И најкорисното:

Пешачење.

„Сакам да знаете дека главната вежба што ја правев оваа година беше пешачење. Тоа му е најдобар начин на моето тело да го метаболира масното ткиво. Значи, најдобар совет што можам да ви го дадам е - излезете и пешачете.“

4 декември 2020 - 09:57