Како НЕ се интервјуира Карл Лагерфелд

Ако до тебе седи еден од најбрилијантните дизајнери на денешницата и ти дале (или сама си си дала) задача да го интервјуираш за последното што го направил, би требало да бидеш почестен, и да поставуваш занимливи прашања, притоа внимавајќи дека во тој момент тој е поважен од тебе и има повеќе да каже, така? Ако си оваа Лора Браун од Харперс Базар, не.

Идејата се разбира не е да ја бацуваш земјата по која оди, со оглед на тоа што од таа друга страна има човек како тебе, ама 2-3 интервјуа да изгледате ќе ви се исправи косата на глава. Алекса Чанг ја зачудува во неколку наврати затоа што треска глупости, безуспешно се труди да биде забавна како Леандра Медин, а Карл Лагерфелд беше принуден да збори побрзо за да не го прекине со уште една глупа доскочица, со што тотално се губи поентата на прашањето.

Дури некаде во втората половина успева да се смири (или е тоа малку посреќно измонтирано), па човекот успева да каже нешто ситно повеќе. Во коментарите под видеото се воодушевени дека успеала да го натера да се насмее, ама треба да се замисли човек дали беше од незгодно или стварно се опуштил затоа што од режија ѝ рекле „смири се, жено.”

А не е баш вчерашна. Поранешен извршен директор во Харперс Базар и уредник во Инстајл. 

Гарант е језива како да работиш во The Office, а не во модно списание.

Дури и да не е така, не може а да не се забележи едно достоинствено негодување на Лагерфелд што се наоѓа во оваа ситуација. Откако по којзнае кој пат ќе го прекине - за да се пофали дека сакото ѝ е Шанел, Карл меѓу другото вика: „Мислев да не е копија, денес има многу...”

Некако не ми делува дека Карл Лагерфелд така лесно греши меѓу копија и оригинал на НЕГОВИОТ Шанел.

Не ви се смачува на секое негово „Не, не, не, не...”?

2 октомври 2017 - 11:20