Вака вели Мет Дејмон:
„Играв Јужноафриканец во Инвиктус, а тоа е многу тежок акцент. Требаше многу вежбање и го третирав како работа. Теоријата дека Иствуд само еднаш уснимува сцена ја тестирав уште првиот ден.
Еднаш снимивме. Беше супер. Клинт рече cut, print, check the gate. И јас реков, ‘шефе, нема да пробаме уште еднаш?‘ Ми се сврте и ми рече ‘Зошто? Сакаш на сите да им го трошиш времето?‘“
Кај Иствуд нема случајности при режијата, но знае што сака. Цело време ја користи истата екипа, си го знаат ритамот. Тој е режисер што дозволува членовите на екипата да си ја вршат работата. На пример, не седи во соба за монтажа додека работи монтажерот, туку ја гледа снимката, со монтажерот дискутираат како најдобро да се склопи, и потоа оди да игра голф, па на крајот на денот се враќа да види како изгледа.
Други режисери им висат на монтажерите зад грб, но тоа не му е стилот на Клинт Иствуд. Така и се објаснува зошто филмовите му се завршуваат без проблеми. Неговите искусни професионалци можат да работат без бексрајното сомневање на режисерот.
Пред неколку години, Иствуд беше на тркалезна маса со други јаки режисери, кои објаснуваа како поминуваат долги, тешки денови во пост-продукција, работејќи рамо до рамо со нивните монтажери и тоа се работни денови што траат и по 12 до 14 часа.
Клинт го добива истото прашање и вели „Е па, ќе седнеме наутро и ќе ги гледаме снимките, ќе зборуваме за секвенците. Потоа, одам да играм голф или да јадам, се враќам доцна попладне да видам на што личи, па го гледам новиот материјал што го сечеле. Зборуваме уште малку, па им давам забелешки.“
Сите запрепастени дека не се бави со микро-менаџмент по 12 часа.
Да учиме од Клинт Иствуд, најубаво.
Плус, зошто Морган Фримен најмногу него го сака за режисер: