Како ќе изгледаше Ариел да еволуираше во длабокиот океан?

Не ни црна, ни бела (од современите дилеми на Дизни).

Малата сирена живее во монархиското општество на Атлантика, седма ќерка на кралското семејство, што се вљубува во принц од копно. И тој се вљубува во неа, само некако ни се чини дека немаше ако Ариел изгледаше како навистина да се шета по дното на океанот.

Благодарение на експертот за водна еволуција, Џозеф Шо, вонреден професор во Школата за јавни и еколошки работи при универзитетот во Индијана и илустраторката Моник Стил, можеме да видиме како ќе изгледаше црвенокосата сирена во поинакви услови:

Во длабокиот океан, сирените би развиле израстоци кои би им го засилиле чувството на допир во свет каде што очите веќе не се потребни. Наместо тоа, би развиле биолуминисценција, што е производство и емисија на светлина од страна на жив организам, и остри заби.

И замисли се будиш од несвестица и ова да ти запее.

Патем, вака е од корален гребен:

Вака е од Северен пол:

Вака е од отворен океан (би се движеле во групи):

12 февруари 2024 - 09:15