Инспирирана од италијанската кинематографија во ‘40-те, првата колекција им е со наслов „Вистински жени“, но дури на четвртата луѓето почнуваат посериозно да ги забележуваат.
Во 1990-те пристигнуваат во САД и работат на колекции инспирирани од ‘50-те, со употребување на италијански стереотипи, односно весели, филмски верзии на сирени и баби, сонце и жици за сушење алишта (Долче е од Палермо, па повеќе ја користат неговата историја). Колекцијата „Католичка имагинација“ на пример, воспоставува една дихотомија меѓу „добра девојка“ и „лоша девојка“ што се гледаше и во работата на Џани Версаче.