Како да си го заштитиш детето во Њујорк?

Ако си Силвестер Сталоне, ќе најмиш војска да ти го научи на самоодбрана.

Во интервју за Њујорк Пост, ќерките на Сталоне, Систин и Софија кажаа дека татко им инсистирал да тренираат самоодбрана пред да им дозволи да се преселат од Лос Анџелес во Њујорк. Благодарение на Navy SEALs (SEAL е за Sea, Air, Land - морски, воздушни и копнени тимови), двете живеат во Њујорк година дена и сè уште никој ги нема нападнато.

„Претешко беше. По шест часа седевме во шума. Со Софија нè измалтретираа начисто. И не сум ни изненадена што татко ми ни го направи ова, затоа што растевме додека тој поминуваше низ вежби и обуки за самоодбрана како во војска.“

Скарлет е третата ќерка и таа сè уште ја нема поминато обуката затоа што живее во Мајами, што Сталоне веројатно го смета за побезбеден град.

Сето ова може да е малку претерано, со оглед на фактот што Систин и Софија најверојатно живеат во богато соседство и зграда со рецепција и можат да си дозволат обезбедување.

Од друга страна па, нема зијан. Замислете сите девојки на светот да се обучени од војска како да се одбранат.

20 февруари 2024 - 22:10