Како да бидеш подобар соговорник?

Ние тука имаме проблем. Повеќето луѓе комуницираат ограничено, без намера, без свест, исклучиво со цел да си кажат тоа што имаат, да се направат паметни, или да завршат што намислиле. А, постојат начини за базично пристојна комуникација.

Среќа па, кој сака, може да научи. Овде на пример има демонстрација за прифаќање совет за нешто што ти е веќе познато. 

Ако некој ти каже нешто корисно, не мораш да му речеш само „знам“. Ич не мораш да му речеш и тоа што прво ти доаѓа, односно, нашето редовно „еее, кај беше ти јас кога...“

Можеш да му речеш „фино ме потсети“, или нешто од тој тип. Затоа што, човекот сака да помогне, а во тие комуникациски финеси, ти можеш да покажеш дека го цениш тоа со само неколку изменети зборови.

4 август 2025 - 08:15