Forever 21 моментално го јаде стапот заради твит (се разбира дека на Твитер се одвива оваа драма), со фотографии од белци облечени во џемпери од „Црниот пантер”.
После популарниот филм, поздравот „Wakanda Forever” го користат сите фанови, а најмногу луѓе што се поистоветуваат со филмот, најчесто црнци, или неуки белци кога сакаат да поздрават црнец, па успеваат само да му направат незгодно.
Затоа и обемната реакција на твитот:
Од тогаш е избришан, ама луѓето си чуваат скриншотови за докажување поента. Негодувањето е зошто Forever 21 искористиле плав, плавоок манекен за да го рекламира џемперот.
Портпарол на брендот, се разбира, излезе со изјава дека „Ги славиме сите суперхерои со многу различни модели од секаква етничка припадност и се извинуваме ако фотографијата некако ве навредила.”
Тоа не ги спречува Твитер-корисниците да стигнат до коментар како
„Сте ставиле КОЛОНИЗАТОР во Ваканда џемпер.”
Во меѓувреме се поставува прашањето, дали белите фанови на „Црниот пантер” смеат да облечат Ваканда џемпер или ич да не се мешаат „натака”?
Онака, најсегрегаторски, како што не треба?