Истражување: Колку е жената попаметна, толку помалку сака да има деца?

Желбата за (бројот на) деца зависи од коефициентот на интелигенција.

Коефициентот на интелигенција на жената е поврзан со бројот на деца што сака да ги има - и воопшто со желбата да стане родител. Вака вика еволутивен психолог.

Живееме во про-наталистички свет: Премолчената (а често и јавно истакната) порака е дека сите треба да сакаат да имаат деца и сите треба на крај и да ги имаат. А родителството не е ни судбина ни дебата - нема правилен избор. За жените е многу лична одлука да изберат дали ќе станат мајки или не. И бидејќи е толку лична, не е ничија работа што ќе одлучат. Ако некој сака да има седум деца - тоа се однесува само на тој некој и на никој друг.

Еволутивниот психолог Сатоши Каназава има истражување во кое открива дека како што расте коефициентот на интелигенција кај жената, бројот на деца што би сакала да ги има се намалува. Во неговата книга „Парадоксот на интелигенцијата“, Каназава вели дека за секои 15 поени во коефициентот на интелигенција, желбата за деца се намалува за 25 проценти.

Во истото истражување се открива и дека интелигенцијата кај машките деца доаѓа од мајката, благодарение на Х-хромозомот.

„Општата интелигенција е наследна и гените што влијаат на неа се лоцирани во Х-хромозомите. Тоа значи дека машките наследуваат интелигенција од мајките, а женските и од мајките и од татковците,“ вели Каназава.

Иако интелигенцијата е базичен конструкт во диференцијалната психологија, и воспитувањето и грижата во раната возраст играат огромна улога. Иако се работи за значајна генетска компонента, и околината и пристапот до образование се важни како фактор.

Патем, истото важи и за мажите - колку се попаметни, толку е помала веројатноста да изразат желба да имаат деца.

Студијата отвора уште поинтересни прашања: Зошто повисоката когнитивна способност е поврзана со одложено родителство и бездетност и дали се работи за преференци, образование, тајминг во кариера, социоекономски фактори, или репродуктивни ограничувања?

29 септември 2026 - 00:00